Политика на приватност
ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци.
Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk, како контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.
1. Дефиниции
2. Назив и адреса на контролорот
3. Офицери за заштита на личните податоци
4. Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?
5. Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?
6. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?
7. Регистрација и најава на нашата веб страница
8. Можност за контакт преку веб страницата
9. Колачиња
10. Собирање на општи податоци и информации
15. Дали вршиме пренос на лични податоци?
16. Во кој рок ги чуваме личните податоци?
17. Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?
18. Дали и на кого ги откриваме Вашите лични податоци?
19. Кои се Вашите права како субјектите на личните податоци?
20. Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
1. Дефиниции
Политиката за приватност на ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за нашите посетители и корисници. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме. Во оваа политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими:
Лични податоци
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Субјект на личните податоци
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
Обработка на личните податоци
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Ограничување на обработката на податоците
Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
Профилирање
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Псевдонимизација
Псевдонимизација е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.
Контролор
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување. Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Трето лице
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците. Согласност Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
2. Назив и адреса на контролорот
ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk | 11-ТИ ОКТОМВРИ 28 КРИВА ПАЛАНКА | ЕДБ 4015020506310 ЕМБС 7438605 | ТЕЛ: 072234055
4. Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?
Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци
Вашите лични податоци се собираат и обработуваат врз основа на Ваша согласност или заради исполнување на законска обврска. (Закон за трговија, Закон за електронска трговија, Законот за заштита на потрошувачи, Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Закон за облигациони односи).
Ограничување на целта на обработката на личните податоци
Вашите лични податоци на веб страницата се собираат и обработуваат за цели на онлајн купување, за контакт со нас, за идни вработувања, за добивање на известувања од нашата понуда на производи, за добивање на нашиот билтен, за идна соработка со нас, како и за замена/враќање на производ. Тие не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.
Ограничување на обемот на личните податоци
Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 5 од оваа политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.
Точност на личните податоци
Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.
Ограничување на роковите на обработка на личните податоци
ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk води грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 18 од оваа Политика за приватност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат.
Интегритет и доверливост на личните податоци
ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.
5. Која е правната основа и целта за обработка Вашите лични податоци?
Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).
Правна основа
Правна основа за обработка на Вашите лични податоци преку нашата веб страница во деловите: „Регистрирајте се“, „Пријавете се“, „Бидете во контакт со нас“, „Контакт“, и „Соработка со нас“ е Вашата согласност, а правна основа за обработка на Вашите лични податоци во делот „Враќање/замена на производот“ е исполнување на законска обврска.
Цели
Преку формата „Регистрирајте се“ и „Пријавете се“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на онлајн купување, но и за добивање на известувања од нашата понуда на производи доколку претходно се согласите со тоа. Преку формата „Вработување“ ги обработуваме Вашите лични податоци за идни вработувања. Преку формата „Контакт“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите коментари и пораки. Преку формата „Newsletter“ ги обработуваме Вашите лични податоци за редовно да Ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен. Преку формата „Соработка со нас“ ги обработуваме личните податоци на потписникот на нашите потенцијални деловни соработници за склучување на договор за соработка со нив. Преку формата „Замена/Враќање на производ“ ги обработуваме Вашите лични податоци за исполнување на законската обврска за враќање или замена на купен производ.
6. Кои категории на лични податоци ги обработуваме
Регистрирајте се
Доколку сакате да се регистрирате на нашата веб страница, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци: – име и презиме, – податоци за контакт (адреса, е-маил, телефон, град, поштенски број) – IP адреса (се зачувува автоматски) Нашата веб страница Ви нуди можност да се согласите со Условите за користење и со оваа Политика за приватност, но и можност да се согласите да добивате известувања за нашата понуда на производи (директен маркетинг).
Пријавете се
Откако сте веќе регистрирани на нашата веб страница, за да се најавите, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:
– е-маил
– лозинка
– IP адреса (се зачувува автоматски)
Контакт:
Доколку сакате да не контактирате, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:
– име и презиме
– податоци за контакт (е-маил, телефон)
– IP адреса (се зачувува автоматски)
Бидете во контакт со нас:
Доколку сакате да не контактирате во електронска форма, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:
– е-маил
– IP адреса (се зачувува автоматски)
7. Регистрација и најава на нашата веб страница
Имате можност да се регистрирате на нашата веб страница со внесување на личните податоци опишани во точката 6 од оваа политика. Вашите лични податоци се собираат и чуваат за цели за регистрација, со што станувате наш корисник и Ви е овозможено онлајн купување на производите од нашата понуда.
Со најавување на нашата веб страница, се зачувува IP адресата доделена од давателот на Интернет услуги и датумот и времето на Вашето најавување. Ова е единствениот начин да се спречи злоупотребата на нашите услуги и да се овозможи истрага за сторена повреда, доколку е потребно. Зачувувањето на овие податоци е потребно за наша заштита. Овие податоци нема да бидат откриени на трета страна, освен ако се откријат за цели на кривично гонење или ако постои друга законска обврска за нивно откривање.
Со доброволно внесување на личните податоци, нудиме регистрација на корисниците на нашата веб страница. Регистрираните корисници можат во секое време да направат исправка на личните податоци внесени при регистрацијата или целосно да ги избришат личните податоци од нашата база на податоци.
8. Можност за контакт преку веб страницата
Нашата веб страница Ви овозможува брз контакт и директна комуникација со нас преку емаил адреса или преку формата за контакт, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите пораки и коментари. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.
9.Колачиња (Cookies)
Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.
Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.
Со користење на колачиња на нашата веб страница, Ви нудиме подобри услуги Вам на корисниците. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашата веб страница. Целта на ова е да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.
Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.
10.Собирање на општи податоци и информации
Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.
16.Во кој рок ги чуваме личните податоци
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за некоја од целите на користење на веб страницата на ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk, Вашите лични податоци ќе бидат избришани. Личните податоци доставени преку формата:
– „Регистрирајте се“, „Најавете се“, односно „Профил“ се чуваат се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас.
– „Контакт“ и “Бидете во контакт со нас”се чуваат најдолго 6 месеци од денот на доставување на пораката.
Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани.
Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.
17.Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?
ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.
18.Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон
Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.
Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.
19. Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
а) Право на потврда
Како субјект на лични податоци (корисник, купувач, кандидат за вработување, посетител) имате право да добиете потврда од ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
б) Право на пристап
Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:
· цел на обработката;
· категории на личните податоци;
· корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
· ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
· постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;
· постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
· кога личните податоци не се собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
· постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.
Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
в) Право на исправка
Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)
Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
· Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;
· Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
· Сте приговарале на обработката;
· Обработката на личните податоци е незаконита;
· Постои законска обврска за бришење на личните податоци;
д) Право на ограничувања за обработка
Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
· ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
· обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;
· ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања;
· Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси.
ѓ) Право на преносливост на податоци
Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на Ваша согласност, имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор без мешање од ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk кому му се дадени личните податоци, под услов ако е технички изводливо.
е) Право на приговор
Имате право да поднесете приговор до ЛАЗАР ГРУП ДОО Ironwood.mk, против обработката на Вашите лични податоци.
Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци.
з) Право на повлекување согласност за заштита на податоците
Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.
Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, може да не контактирате во секое време на:
Телефон: ТЕЛ: 072234055
Офицерите за заштита на личните податоци ќе постапат по барањето без одлагање.
20.Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје